Барселона со импресивни 7-2 ја продолжи одбраната на титулата во Примера, испраќајќи јасна порака до ривалите дека имаат зошто да стравуваат од актуелниот првак.
Затоа што овој тим на каталонскиот гигант е навистина застрашувачки, а тоа на своја кожа го почувствуваа сите тимови кои излегоа на мегдан со Барселона, и го напуштија теренот со полна мрежа.
Каталонците испишуваат историја, за првпат почнуваат една сезона со шест победи во низа, а бројките на нападот се импресивни. Имено, Барса на седумте одиграни средби (шест во Ла Лига, еден во ЛШ) постигна неверојатни 33 пгодоци или 4,71 по натпревар.
Ламин Јамал за првпат во кариерата врза пет натпревари во низа на кој е стрелец за Барселона, а уште поимпресивен е Рафиња. Бразилецот игра како „деветка“ и тоа го прави на најдобар можен начин, со вчерашниот хет-трик стигна до бројката од 11 гола на првите седум меча, уривајќи го рекордот на Лео Меси, кој во својот најдобар старт на сезона во Барса (2012/13) имаше десет погодоци на првите седум меча.
Рафиња воедно го остави зад себе и Мбапе во трката за најдобар стрелец во Ла Лига, Бразилецот има девет, Французинот на Реал седум… шоуто во фудбалска Шпанија ќе продолжи, а останува да се види дали ќе се најде херој што ќе го запре овој дрим-тим на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
