Барселона го демолираше Билбао за трофејот во Купот на кралот (ВИДЕО)

Низ раскошни десет минути во финалето, Барселона успеа да го декласира Атлетик Билбао победувајќи со убедливи 4-0 и да го освои трофејот во кралскиот куп во Шпанија.

По првото полувреме без голови, каталонскиот тим го реши финалето со четири погодоци во периодот од 60. до 72. минута.

Најпрво Гризман во 60. минута донесе предност од 1-0, а веќе во 63. минута беше 2-0 со голот на Де Јонг.

Целокупната задача си ја заврши Лионел Меси со двата погодоци, во 68. и во 72. минута.

Со тоа Меси дојде до девет погодоци во финалињата на шпанскиот куп, запишувајќи се како фудбалер со најмногу број голови во историјата на финалните натпревари.

Се вчитува...