Трансферот на Родри во Реал Мадрид е далеку од завршена работа, особено откако Барселона реши сериозно да се вклучи во трката за потписот на МВП фудбалерот од последниот мундијал.
„Кралевите“ во изминатите денови се целосно насочени кон Диоманде и кон преговорите за нов договор со Винисиус, а каталонскиот гигант го искористи тоа за да преговара лично со Родри. Спортскиот директор Деко имал долг разговор со капитенот на Манчестер Сити, кој не ја крие желбата летово да се врати назад во Шпанија.
И додека Родри од таа причина експресно го одби ПСЖ, тоа воопшто не беше случај во преговорите со Барселона, во кои самиот фудбалер покажал интерес за преселба на „Камп Ноу“. Фактот дека во Барса играат голем број репрезентативци на Шпанија со кои тој беспрекорно соработуваше за време на последниот мундијал е само причина плус трансферот на каталонскиот гигант да изгледа како привлечна опција за овој фудбалски генијалец.
Барса е подготвена да плати над 60 милиони евра на Манчестер сити, слична сума како и Реал Мадрид, па на крајот ќе пресуди желбата на самиот фудбалер – дали кариерата да ја продолжи на „Камп ноу“ или на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
