Барса го оддува и Вилјареал

Барселона го победи Вилјареал со 4-1 на „Камп Ноу“ и создаде три бода предност на врвот на табелата во Примера пред Реал Мадрид, кој има одиграно два меча помалку. „Кралевите“ вечерва и гостуваат на Гранада, а имаат и заостанат меч со Селта во Виго. На овој меч, триото Меси – Суарез – Нејмар ја проби границата од сто гола во оваа сезона.

Нејмар во 21.минута ја доведе Барселона во водство, но Бакамбу израмни само десетина минути подоцна. Сепак, Барса замина со предност на одморот, откако Лионел Меси, со помош и од еден дефанзивец на Вилјареал, ја погоди мрежата во 45.минута.

Во вториот дел, Суарез постигна трет погодок за каталонскиот тим, а Лионел Меси од пенал го постави конечниот епилог.

All Goals & highlights HD – Barcelona 4-1… by lifefootball

Се вчитува...