Барселона прави сериозен ремонт во играчкиот кадар летово, па каталонскиот гигант е на добар пат да го доведе и своето десетто засилување за наредната сезона.
Центарот Јан Мукунду во следните денови треба да го стави потписот на договорот со каталонскиот гигант, откако Барса минатото лето не успеа да го доведе овој кошаркар кој заврши во Монако, но преговорите летово ќе бидат со далеку подобар исход за каталонците.
Информациите од Шпанија говорат дека преговорите се веќе во завршна фаза и Мукунду наскоро би можел да потпише двогодишен договор, со што би станал десетто засилување на Барселона во овој преоден рок.
Пред франнцускиот центар, каталонците веќе ги договорија трансферите на Џастин Робинсон, Умоја Гибсон, Агустин Убал, Тајриз Мартинз, Стенли Умуде, Тосан Евбумван, Олег Балчеровски, Оливие Нкамуа и Џош Нибо.
Во однос на ланскиот ростер, тимот го напуштија речиси сите ѕвезди: Шенгелија, Клајбурн, Лапровитора, Саторански, Фал, Весели, Норис, Хернангомез, Кејл и Хуанми Маркос.
За нов тренер беше именуван Александар Секуќи, кој дојде на местото на Чави Пасквал отткако искусниот стратег реши да ја напушшти Барселона и да се пресели на кормилото на Дубаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
