Барса и Сити се договорија: Родри може да оди на потпис

Родри е на чекор до трансфер во Барселона, откако Манчестер Сити му даде дозвола да отпатува во Каталонија и да ги заврши последните формалности околу преселбата на „Камп Ноу“.

Двата клуба постигнале договор за трансферот, откако Барселона претходно испратила две понуди кои биле одбиени од англискиот клуб. Според договореното, каталонците ќе платат фиксни 60 милиони евра, а сумата преку бонуси може да достигне околу 76 милиони евра.

Шпанскиот репрезентативец денес треба да ги помине лекарските прегледи, по што се очекува да потпише четиригодишен договор со Барселона, до јуни 2030 година.

За Манчестер Сити ова е значаен трансфер и од финансиски аспект, бидејќи договорот на Родри со клубот истекува за помалку од една година. Поради тоа, „граѓаните“ одлучиле да ја прифатат понудата и да заработат значителна сума од неговото заминување.

Во исто време, Сити продолжува со реконструкцијата на средниот ред. Клубот договори продажба на Тижани Рајндерс во Ал-Кадисија за 51 милион фунти, а се очекува дополнително да инвестира во нови засилувања.

По доаѓањето на Елиот Андерсон и најавениот трансфер на Ајуб Буади, заминувањето на Родри би означило целосна промена на средниот ред на тимот на Пеп Гвардиола.

Се вчитува...