Барса испрати понуда, Челси не сака да преговара

Барселона е во потрага по нов голгетер, но на каталонците веќе им стана јасно дека Атлетико Мадрид нема намера да им го продаде Хулијан Алварез, особено откако и ПСЖ се вклучи во тркатта по аргентинскиот репрезентативец.

Барса има и „план Б“, испраќајќи понуда до Челси за Жоао Педро, бразилскиот ас за кого тренерот Флик верува дека може беспрекорно да се вклопи во неговите тактички замисли за Барса. Единствениот проблем е – што Челси нема намера да го продаде Педро.

Лондонскиот клуб гледа на Бразилецот како на еден од ретките играчи кои беа на ниво во оваа разочарувачка сезона, па „сините“ без размислување ја одбиле понудата од 70 милиони евра од шпанскиот шампион.

Дополнителната порака од Лондон гласела дека Жоао Педро не е за продажба без разлика колкава сума пари ќе биде понудена, па Барса се соочува со неочекуван проблем – да се најде нов врвен голгетер за наредната сезона како наследник на Роберт Левандовски.

Се вчитува...