Цеск Фабрегас го доби епитетот „чудотворец“ во италијанскиот фудбал откако со тимот на Комо стигна до билет за Лигата на Шампионите за следната сезона.
Шпанскиот стратег минатото лето одби неколку интересни понуди, сега веќе најави дека планира да остане и да го води Комо во ЛШ, а шпанските медиуми тврдат дека Фабрегас веќе го има договорено следниот чекор во кариерата, и тоа како предводник на големата Барса.
Претседателот Лапорта е презадоволен од работата на Ханси Флик, со германскиот стручњак неодамна беше потпишан нов договор до јуни 2028 година, но воедно и најавил дека тогаш планира да си замине од „Камп Ноу“. Од друга страна, и договорот на Фабрегас со Комо истекува во 2028 година, па медиумите во Шпанија сметаат дека тоа воопшто не е случајно.
Фабрегас како играч со голем успех настапуваше за Барселона, каталонците се импресионирани и од неговите тренерски квалитети, па веќе е постигнат договор за тој да го наследи Флик летото 2028 година. А дотогаш, да продолжи да испишува историја со Комо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
