Барса конечно му исполни желба на Куман, пристигнува првото засилување

Управата на Барселона е подготвена да ја исполни желбата на Роналд Куман и да го доведе Ерик Гарсија на „Камп Ноу“. Тренерот на Барса го бараше 20-годишниот дефанзивец на Манчестер Сити и во текот на летото, но претседателот Бартомеу тогаш не успеа да ги финишира преговорите за да го доведе младиот одбранбен фудбалер во таборот на каталонскиот гигант.

Гарсија има уште шест месеци од договорот со Сити и летово може да дојде како слободен играл, но каталонците притискаат за овој трансфер да се реализира веќе во јануари, поради големата криза со повредени дефанзивци во тимот на Куман. Манчестер Сити се согласил на отштета од пет милиони евра, плус дополнителни пет милиони преку неколку клаузули, сума што Барса и покрај финансиската криза може да си ја дозволи за да го засили играчкиот кадар.

Бидејќи клубот е во предизборен период, сега останува техничкото раководство да ги контактира тројцата кандидати, за да побара нивни „амин“ за трансферот. Сепак, со оглед на ниската отштета и потенцијалот на младиот Шпанец се очекува тие да дадат зелено светло, за трансферот да може да биде комплетиран и Гарсија што поскоро да му се стави на располагање на тренерот Куман.

Се вчитува...