Барса крева раце од Алварез, се врти кон друг Аргентинец

Приоритет за Барселона во овој преоден рок е ангажман на нов врвен голгетер како наследник на Роберт Левандовски, но планот тоа да биде Хулијан Алварез се чини нема да се исполни.

Ставот на Атлетико е јасен – Аргентинецот не е на продажба, па иако Алварез се закани и со штрајк мадридскиот клуб децидно ја затвори вратата за негово заминување од Мадрид летово. На каталонците им станува јасно дека оваа мисија ќе заврши неуспешно, па веќе решија да го насочат вниманието кон друга опција на пазарот, и тоа повторно аргентински репрезентативен напаѓач.

Лаутаро Мартинез од Интер е најновата желба на Ханси Флик и на директорот Деко, кои веќе стапиле во првичен контакт со италијанскиот првак. Лаутаро секогаш важел за апсолутно лојален на Интер, но шанса да се приклучи на гигант како Барселона се укажува еднаш во кариерата, па големиот ас сериозно ја разгледува оваа опција.

Исто такa, цената на овој напаѓач би требало да биде под 100 милиони евра, далеку поприфатлива од оние 150 милиони што беа споменувани во преговорите за Алвварез.

Едно е сигурно, Барса мора што поскоро да реагира и да го засили нападот, ако се знае дека и Феран Торес е на чекор до ПСЖ, па Флик ќе остане без ниту еден класичен напаѓач во тимот.

Се вчитува...