Барса лесно ја потопи „подморницата“, ќе го брка Реал до крај за титулата

Барселона оствари лесна и убедлива победа над Вилјареал славејќи со 1-4 на „Естадио де ла керамика“. Тимот на Кике Сетиен блесна, се разиграа Суарез и Гризман и немаше никакви проблеми за освојување на бодовите.

Барселона поведе уште во третата минута со автоголот на Пау Торес, а израмни Жерар Морено во 14.минута. Но, потоа блеснаа Луис Суарез и Антоан Гризман со фантастични погодоци.

Уругваецот погоди во 20.минута со прецизен удар од далечина и стана трет најдобар стрелец во клупската историја, а во 45.минута Гризман зголеми на 1-3 со прекрасен лоб удар. Во финишот и младата ѕвезда Ансу Фати се запиша во листата на стрелците за конечни 1-4.

Се вчитува...