Барселона стори се за да го убеди Феран Торес да потпише нов договор, но на каталонците им стана јасно дека херојот од мундијалското финале има поинакви планови за иднината, па преговорите за продолжување на соработката дефинитивно се прекинати.
Феран сака да му се приклучи на Луис Енрике во ПСЖ, од Барса порачаа дека нема да му стојат на патот, но и дека се уште високо го ценат голгетерот кој нема да може за „ситни пари“ да си замине од „Камп Ноу“.
Пораката од каталонскиот гигант е јасна – Торес може да си замине летово, но само доколку неговиот нов клуб се согласи да издвои 55 милиони евра за да го доведе во своите редови. Од Барса јасно ставија до знаење дека за овој исклучително квалиетен офанзивец не планираат да дадат никаков попуст, па на потег е ПСЖ – дали „светците“ ќе се согласат да издвојат волкава сума за шпанскиот репрезентативец кој би требало да стигне како замена за Рамош, по неговиот трансфер во Милан.
Ако си замине и Феран, тогаш Барса ќе мора да доведе двајца нови напаѓачи летово ако се знае дека каталонскиот гигант веќе остана без најдобриот стрелец Роберт Левандовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
