Барса пак ќе мора да го напушти „Камп Ноу“

Фудбалерите на Барселона уживаат во домашните натпревари на супермодерниот „Камп Ноу“, но последните информации од Шпанија говорат дека каталонците сепак ќе мораат повторно да го напуштат својот дом.

Причина – желбата на клубот да ја финишира реконструкцијата со поставување на покрив на стадионот, градежен потфат што ќе трае најмалку шест месеци.

Планот на претседателот Лапорта е сезоната да биде завршена на „Камп ноу“, а потоа во летото 2027 да се почне со интензивна работа на покривот. Веќе е извесно дека Барса првиот дел од ланската сезона ќе го игра како домаќин на „Монжуик“, стадионот што го користеше и при реновирањето на „Камп Ноу“, а во најдобар случај каталонците би се вратиле во својот дом во јануари 2028.

Овој датум е далеку од загарантиран ако се знае колку се доцнеше со реновирањето на стадионот, но Лапорта е решен да го финишира овој супермодерен стадион. По завршувањето на последната фаза од проектот, новиот „Камп Ноу“ ќе биде со капацитет од вкупно 105.000 седишта.

УЕФА веќе објави дека „Камп Ноу“ ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Шампионите во 2029 година, а Лапорта се надева дека овој стадион би можел да биде домаќин и на финалето на СП 2030.

Се вчитува...