Барса шокирана во финалето: Лион ја освои ЛШ за жени

Лион е новиот европски шампион во женски фудбал откако францускиот клуб во големото финале славеше над Барселона со 3-1. Ваквиот исход е големо изненадување ако се знае дека каталонките важеа за огромни фаворитки пред мечот за трофејот, но беа шокирани од мотивираните француски фудбалерки.

Пресудно се покажа првото полувреме во кое Барса немаше одговор за играта на фудбалерките на Лион, кои набрзина поведоа со 0-3, со головите што ги постигнаа Анри, Ренард и Макарио.

Каталонскиот состав пред крајот на полувремето намали на 1-3 преку Алексија, но немаше сили за камбек во вторите 45 минути.

Ова беше осма титула европски првак за Лион, со што францускиот тим останува најтрофеен клуб во историјата на женскиот фудбал на европската сцена.

Се вчитува...