Барса со последна понуда за Родри: Ова е „плафон“, не даваме ниту евро плус

Родри јасно стави до знаење дека сака да се пресели во Барселона летово, каталонците веднаш почнаа преговори со Манчестер Сити, но двете страни се уште не успеваат да ги договорат деталите од овој мегатрансфер.

Каталонците понудија 60 милиони евра, плус пет преку клаузули, следеше негативен одговор од Сити, но Барса се врати со нова – последна понуда за Родри.

Имено, директорот Деко и претседателот Лапорта испратија конечни 65 милиони евра до Манчестер Сити  (60 загарантирани плус пет милиони преку клаузули) за овој трансфер да се реализира. Воедно, каталонците јасно ставија до знаење дека немаат намера да платат ниту евро повеќе, сметајќи дека ова е и повеќе од реална сума за искусниот фудбалер.

Родри има само уште една година од актуелниот договор со Сити, па Барса се закани дека  е подготвена да чека и следното лето да го доведе без никаква отштета доколку англискиот вицепрвак не се согласи ниту на оваа најнова понуда.

На потег е Манчестер Сити… додека Родри се уште се опоравува по операцијата на грбот и не е ниту блиску до враќање на терените.

Се вчитува...