Барса со празни раце: Алварез не мрда од Атлетико

Роберт Левандовски летово си заминува од Барселона и повеќе од јасно е дека каталонскиот гигант ќе ангажира нов врвен голгетер како предводник на навалната линија.

Јавна тајна е дека на врвот на листата со желби на каталонците се наоѓа Хулијан Алварез, но проблемот е едноставен – аргентинскиот голгетер е под договор со Атлетико, а мадридскиот нема намера воопшто да преговара со лутиот ривал без оглед на фактот што се споменува отштета од нас 100 милиони евра.

„Хулијан Алварез? Тука нема ништо ново. Може да го бара кој сака, но тој е наш играч. И ќе ги брани боите на Атлетико следната сезона. И сезоната после неа…“, дециден е првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Черезо.

Се вчитува...