Барселона бара воведување на гол – технологија во Примера

Барселона е драстично оштетена на гостувањето против Бетис (1-1) откако на каталонскиот тим не му беше признат чист погодок. Се играше 79.минута од натпреварот кога топката речиси еден метар ја мина гол – линијата, а потоа дефанзивецот на домашниот тим Аиса Манди ја исфрли во поле. Голот беше очигледен, но судиите не реагираа, а Барселона е оштетена.

По ова, каталонскиот гигант е поборник за воведување на гол – технологија во шпанскиот фудбалски шампионат.

„Немам што да кажам, сите видовме. На судиите очигледно им е потребна помош, треба да се воведе гол – технологија и во шпанското првенство“, изјави тренерот на Барселона, Луис Енрике.

Барселона по ова реми сега има четири бода негатива во однос на Реал Мадрид, а „кралскиот клуб“ има одиграно и еден натпревар помалку.

Се вчитува...