Барселона без Иниеста на каталонското дерби

Барселона се врати во трката за шампионската титула во Шпанија, а вечерва ќе му гостува на градскиот ривал Еспањол во каталонското дерби. Тренерот Луис Енрике за овој дуел нема да може да смета на капитенот Андрес Иниеста. Тој се пожали на болки во бутниот мускул и не го одржа вчерашниот последен тренинг со екипата, па ќе биде поштеден.

На местото на Иниеста, тренерот Енрике во составот го вброи младиот фудбалер Карлес Алена, кој доби шанса за настап и во минатото коло против Осасуна на „Камп Ноу“.

Во моментов Барселона и Реал Мадрид имаат идентичен број бодови на врвот на табелата, но „кралевите“ имаат одиграно еден натпревар помалку.

Се вчитува...