Барселона без Тер Штеген против Наполи

Голманот на Барселона Марк Андре тер Штеген би можел да го пропушти реванш дуелот од Лигата на шампионите против Наполи, пренесуваат шпанските медиуми.

Тој има проблем со повреда на коленото поради која го пропушти и последниот меч од Ла лига. Каталонците се надеваат дека Тер Штеген би можел да игра и со болки, а по завршувањето  на Лигата на шампионите веднаш да замине на операција.

Барселона и Наполи првиот меч го одиграа во Неапол пред паузата поради пандемијата од коронавирусот, а дуелот заврши 1-1.

Се вчитува...