Барселона потпиша млад бразилски голгетер

Младиот Бразилец Густаво Маја е најновото засилување за Барселона. Сао Паоло ја потврди веста за трансферот на Маја во Барселона за сума од 4,5 милиони евра.

Шпанскиот тим ќе има 70 отсто од цената на фудбалерот, а доколку дојде до следен трансфер во кариерата Сао Паоло ќе заработи 30 отсто од него. Каталонците веќе платиле милион евра на сметката на бразилскиот клуб, а преостанатите 3,5 ќе бидат исплатени на рати.

Маја во Сао Паоло стигна на четиринаесетгодишна возраст и беше меѓу најдобрите фудбалери во тимот во сите возрасни категории. Тој од 2018 година кога е дел од тимот забележа 36 настапи на кои постигна 30 гола.

 

Се вчитува...