„Барселона е трул клуб во кој се е политика, а играчите го водат шоуто“

„Патетично и срамно“

„Гордото минато на Барселона е фрлено в канта“

Ова се главните изрази што ги користат речиси сите аналитичари на светскиот фудбал во опишувањето на она што и се случи на Барселона во поразот од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Што може да биде следно за петкратниот европски шампион, клубот од кого некогаш сите се плашеа?

Комплетна промена. Ова е најкраткото и наједноставното објаснување. Извесен е отказот на Кике Сетиен. За него аналитичарите  велат дека никако не може да ја понесе комплетната вина. Нему ова му беше само трет натпревар во ЛШ во кариерата. Тој впрочем беше и дури избор број четири во кој клубот реши да прави тренерска смена. Не е негова вина што е избран за позицијата. Дополнително, ниту играчите не му беа баш пријатели ниту пак сакаа да ја прифатат промената во системот на игра која се обидуваше да ја воведе.

Управата на чело со Жозеп Марија Бартомеу. Клучните одлуки, решението за тренерското место, играчкиот потенцијал. Се е ова одговорност на раководството. Работите во моментов уште пострашни ги прави и фактот дека Барселона се соочува со финансиски проблеми поради светската пандемија на коронавирусот. И воопшто и нема намера да купува играчи, сосема спротивно, планот е да бидат продавани фудбалери.

Барселона е трул клуб во кој се е политика, а играчите го водат шоуто“ – вели еден аналитичар кој се чини најпрецизно ја опиша моменталната ситуација во Барселона.

Маурисио Покетино е името кое периодов најчесто се споменува за преземање на тренерската позиција. Тој е пријател со претседателот Бартомеу. Клубот последниве месеци беше во турбулентен период. Почна со намалувањето на платите кои беше претставено како договорено, следуваше големата афера дека претседателот плаќа медиуми за да ги оцрнуваат играчите и тренерот, потоа почнаа проблемите меѓу Сетиен и играчите, се почесто се појавува твдења дека Лео Меси не е задоволен во клубот. Привиден мир беше постигнат по загубената титула, но пред настапот во ЛШ. Баерн Минхен ги извади на површина сите недостатоци, дупки и празнини кои Барселона ги затскриваше со години.

Се вчитува...