Барселона ги нуди Ракитиќ и Видал на Арсенал за да го добие Матео Гендузи

Младиот француски фудбалер Матео Гендузи е една од трансферните цели на Барселона во летниот преоден рок. Тој не е во најдобри односи со менаџерот Микел Артета и најверојатно ќе мора да го напушти клубот, а тоа сака да го искористи раководството на каталонскиот гигант и да го доведе на „Камп Ноу“.

Спортскиот директор на Барселона веќе стапил во контакт со Арсенал и понудил интересна размена. Барселона е подготвена на „Емирати“ да ги испрати искусните Иван Ракитиќ и Артуро Видал за да го добие младиот и талентиран Матео Гендузи.

Се вчитува...