Барселона не се откажува од намерата да го ангажира аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Иако од тимот на „јорганџиите“ неколку пати веќе ги одбиваат Каталонците за трансфер, и најавуваат дека немаат намера да го пуштат да замине, сепак, Барселона има сосема поинаков план.
Според информациите од Шпанија, Хуан Лапорта ги прекинал сите други планови поврзани со ангажман на напаѓач, и ќе го чека Алварез до последниот ден од преодниот рок. Тоа значи дека Барселона не се откажува од намерата да го потпише Аргентинецот.
Во Мадрид, од друга страна, е се поголемо незадоволството на навивчите на Атлетико во врска со Алварез и бараат тој што поскоро да го напушти клубот. На последниот меч заработи свирежи откако го напушташе теренот, и сигурно е дека нема да остане во Атлетико.
Се појави информација дека би можел да оди во Арсенал, но голгетерот инсистира на трансфер во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
