Барселона го испрати градскиот ривал Еспањол во второлигашка конкуренција

Барселона го совлада Еспањол со 1-0 на „Камп Ноу“ и го испрати градскиот ривал во Секунда Дивизион. Последнопласираниот Еспањол сега нема ниту теоретски шанси да обезбеди опстанок во Ла Лига. На три кола пред крајот на шампионатот, Еспањол има 11 бода помалку од Еибар кој е првиот тим над опасната зона на табелата.

Градската пресметка донесе многи нервоза, а на почетокот на второто полувреме беа доделени и два црвени картони. Беа исклучени Ансу Фати и Пол Лозано поради груби стартови. Победничкиот гол за Барселона беше дело на Луис Суарез во 56.минута од натпреварот.

Барселона се доближи на еден бод негатива во однос на лидерот Реал Мадрид, но „кралевите“ во моментот имаат одиграно еден меч помалку.

Се вчитува...