Барселона го купува Витоло за 40 милиони евра

Барселона се бори за шампионската титула во Шпанија, но веќе размислува и за следната сезона. Раководството на клубот сака да доведе неколку нови засилувања, а една од главните цели е шпанскиот репрезентативец Витоло од редовите на Севилја. Каталонскиот клуб е подготвен да ја плати отштетната клаузула вредна 40 милиони евра и да го донесе Виктор Манчин Перес – Витоло на „Камп Ноу“.

27-годишниот крилен играч има договор со Севилја до 2020 година, но Барселона ќе ја плати отштетната клаузула. На него Севилја би заработила богатство, со оглед дека тој дојде во клубот во 2013 година за сума од 3,2 милиони евра.

Барселона ќе се обиде при оваа зделка да вклучи и неколку свои млади фудбалери кои би ги испратила на „Санчез Писхуан“, а во комбинација се Серхи Сампер и Денис Суарез.

Се вчитува...