Барселона игра феноменално на стартот од сезоната, но раководството на клубот веќе ги планира следните чекори на пазарот, се со цел оваа екипа дополнително да се засили.
Последните информации говорат дека Барса е на добар пат да го потпише Федерико Димарко, одличниот лев бек на Интер. Каталонците веќе имале неколку рунди преговори со дефанзивецот, кој искажал желба да дојде на „Камп Ноу“ и да се приклучи на дрим-тимот под водство на Ханси Флик.
За ситуацијата за Барса да биде уште подобра, договорот на Димарко истекува на крајот од сезонава, па тој следното лето може да го напушти Интер без никаква отштета. Иако преговорите за нов договор беа во завршна фаза, се чини дека токму интересот од шпанскиот шампион придонесе тие да се одолговлечат, па сега е многу пореално Димарко да се пресели во Барселона отколку да ја продолжи соработката со италијанскиот првак.
Барса сезонава ја почна со младиот Чави Еспар на лев бек, како опција тука е и Кансело кој може да игра и на двете страни во дефанзивата, а Флик упорно го игнорира Балде, кој дефинитивно е на излезна врата и би можел веќе во јануари да си замине од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
