Поради кризата во Сеута, фудбалскиот клуб Барселона ја откажа посетата на Мароко, каде што требаше да одигра пријателски натпревар против локалниот тим Итихад Ријад во Тангер. Натпреварот меѓу Барселона и Итихад требаше да се одигра на 15 август во Тангер.
„Со оглед на моменталната неизвесност и околностите, Барселона смета дека е несоодветно да се одигра овој натпревар“, се наведува во соопштението на шпанскиот клуб.
Иако Барселона не ја образложи подетално својата одлука, „Би-би-си“ наведува дека таа е поврзана со ситуацијата во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка која граничи со Мароко.
Британските медиуми потсетуваат дека минатата недела околу 78.000 мигранти пристигнале по морски пат од Мароко на шпанска територија, односно во Сеута, при што загинале околу 100 луѓе, а оваа ситуација предизвикала тензии меѓу земјите-членки на ЕУ кои имаат отворени граници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
