Барселона го смири Гризман: Клубот сериозно смета на него

Антоан Гризман добил уверување дека Барселона сериозно смета на него и во следната сезона. Ова се случило на состанокот кој се одржал на барање на агентката на Гризман пред мечот со Еспањол. По неговото одлично издание против Вилјареал и постигнатиот гол, претставниците на Французинот инсистирале на состанокот кој го побараа пред извесно време.

На состанокот сестрата на Гризман, Мод која е и негова агентка се сретнала со дел од спортскиот менаџмент, директорот Ерик Абидал и со тренерот Кике Сетиен и добила потврда дека клубот смета на него. Пораката му била пренесена на играчот кој сега е уверен дека нема да ја напушти Барселона ова лето.

Откако Гризман беше резерва против Севилја и против Атлетико Мадрид и по проблемите со адаптацијата во првата сезона во Барса,  ја покажа најдобрата верзија од себе против Вилјареал. Токму ова негово издание го потенцирале Абидал и Сетиен во уверувањето за францускиот напаѓач кој инсистираше на состанок за да се разјасни неговата позиција во клубот.

 

 

Се вчитува...