Барселона и Манчестер Сити договораат размена на фудбалери

Барселона е во преговори со Манчестер Сити за размена на фудбалери во летниот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми. Цел на Барселона е 19-годишниот стопер Ерик Гарсија, кој пред три години го напушти клубот и потпиша за Манчестер Сити. Барселона сега сака да го врати, а и помага и фактот дека тој самиот сака да ја напушти Англија, бидејќи е незадоволен со статусот во клубот. Во спротивен правец би требало да замине Нелсон Семедо кој не се снајде најдобро на „Камп ноу“.

Претходно, Барселона веќе направи една трампа со европски гигант. Тие во Торино го пратија Артур, а во Каталонија стигна репрезентативецот на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ.

 

Се вчитува...