Барселона ја загуби титулата, па се разигра против Алавес за крај на Ла Лига

Барселона беше убедлива на гостувањето против Алавес и славеше со 0-5 на затворањето на сезоната во Ла Лига. Сепак, останува горчливиот вкус за избраниците на Кике Сетиен, со оглед дека шампионската титула му припадна на големиот ривал Реал Мадрид.
Ансу Фати беше стрелец на првиот гол во 24.минута, Лео Меси погоди десет минути подоцна, а во 44.минута и Луис Суарез се запиша меѓу стрелците.

Во второто полувреме погодија и Нелсон Семедо и повторно Лионел Меси. Барселона го заврши шампионатот во Ла Лига на втората позиција со 82 бода.

Се вчитува...