Барселона му го расипува на Атлетико големиот летен трансфер!?

Откако Роналд Араухо одлучи да го напушти тимот и да се пресели во Ливерпул, во Барселона веднаш започнаа да размислуваат за негова замена. Како едно од можните решенија неочекувано се појави името на Кристијан Ромеро.

По заминувањето на Араухо, Ханси Флик сака да го засили стоперскиот дел од тимот, особено затоа што Ерик Гарсија го гледа како конкуренција за Жил Кунде на десната бековска позиција.

Тоа значи дека на стоперските позиции во моментов остануваат Пау Кубарси, Жерар Мартин и Андреас Кристенсен, па не е изненадување што Ромеро се појави како сериозна опција.

Аргентинскиот репрезентативец веќе во неколку наврати со симпатии зборувал за Барселона. Ромеро открил дека уште како дете ги гледал Карлес Пујол и Жерар Пике и дека токму тие биле негови идоли.

„Растев гледајќи ги Карлес Пујол и Жерар Пике. Тие беа мои идоли и таа Барселона е најдобриот тим што сум го гледал“, изјавил Ромеро.

Во меѓувреме, медиумите во Аргентина објавуваат дека Барселона станала сериозна опција за дефанзивецот.

За потсетување дека Барселона силно сака да му го „украде“ Хулијан Алварез на Атлетико, а Ромеро би бил само дополнителен удар за „јорганџиите“ од страна на каталонскиот тим.

Се вчитува...