Барселона на прагот да донесе ново засилување од Челси

Барселона ова лето стигна до потписот на Андреас Кристенсен кој „синиот“ дрес го замени со оној на каталонците, а на прагот да му се приклучи на Данецот е и Маркус Алонсо, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Шпанскиот бек веќе некое време се поврзува со трансфер во Барселона, оддамна договорени се и личните услови, а реализацијата е се поблиску откако Челси успеа да постигне договор со Брајтон за ангажман на Марк Кукурелја.

Трансферот на Алонсо во Шпанија воедно би значело и враќање на поранешниот шпански репрезентативец во татковината, но интересно во најголемиот ривал на неговиот поранешен клуб Реал Мадрид.

Сега 31-годишникот е дел од Челси од 2016 година каде пристигна од редовите на Фиорентина за 23 милиони евра. За лондонскиот клуб одигра 178 натпревари на кои 26 пати ја затресе мрежата, а 21 пат асистираше до соиграчите, помагајќи му на клубот да стигне до трофите во Лигата на Шампиони, Премиерлигата, Лига Европа, Суперкупот на УЕФА и ФА Купот.

Се вчитува...