Барселона најде купец за Братвајт

Каталонскиот гигант Барселона најде купец за Мартин Братвајт, пренесуваат шпанските медиуми. Вест Хем е најсериозниот кандидат за потписот на Данецот. Лондонскиот тим на Барселона и нуди 20 милиони евра, што значи дека Каталонците дури и ќе заработат за услугите на Братвајт бидејќи во февруари годинава тој од Леганес дојде за сума од 18 милиони евра.

29-годишникот во дресот на Барселона во Ла лига запиша 11 настапи на кои постигна еден гол. Дејвид Мојс откако седна на клупата на тимот од Лондон успеа да избори опстанок со тимот, а сега сака неколку засилувања со кои би можел да се бори и за горниот дел на табелата во Премиер-лигата.

 

Се вчитува...