Барселона не се откажува од Влаховиќ

Барселона интензивно работи на решавање на прашањето за напаѓач за следната сезона, а покрај Хулијан Алварез, во игра е и српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

Приоритет на каталонскиот гигант се уште е напаѓачот на Атлетико Мадрид, кој наводно изразил желба да ја промени средината и да го облече дресот на Барселона. Клубот го гледа Аргентинецот како идеален наследник на Роберт Левандовски, кој го напушти „Камп ноу“ по истекот на договорот.

Сепак, Барселона истовремено го следи развојот на ситуацијата околу Феран Торес. Шпанскиот репрезентативец има договор до 2027 година, но во последните денови се поврзува со Пари Сен Жермен.

Токму поради оваа неизвесност, името на Душан Влаховиќ повторно се појави на радарот на каталонскиот клуб. Српскиот напаѓач влегува во последните денови од договорот со Јувентус, а италијанските медиуми известуваат дека продолжувањето на соработката е се помалку извесно, што би значело дека тој би можел да стане слободен играч од 30 јуни.

Според извештаите од Шпанија, Влаховиќ повторно и ги понудил своите услуги на Барселона, верувајќи дека би можел да се вклопи во тимот на Ханси Флик како класичен центарфор, со поинаков профил во споредба со поподвижниот Алварез.

Се вчитува...