Барселона немоќна против Лион во финалето на ЛШ, Андонова остана на клупата за резерви

Доминацијата на Лион во европскиот клупски женски фудбал продолжува. Францускиот тим ја совлада Барселона со 4-1 во финалето во Будимпешта. Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова остана на клупата за резерви во составот на каталонскиот тим.

Лион својата моќ и доминација ја покажа во првото полувреме. Првата освојувачка на „Златната топка“, Ада Хегерберг беше незадржлива за одбраната на Барселона. Таа постигна хет – трик, а серијата голови ја отвори Марошан. Барселона стигна до почесен погодок во финишот од мечот преку Ошоала во 89.минута.

Се вчитува...