Барселона останува перфектна во Ла лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона остануваат перфектни во Ла лига сезонава откако вечерва стигнаа до победа над Расинг Сантандер од 7-2 во натпревар од 6. коло од новата сезона во шпанскиот шампионат.

Домаќините поведоа со 1-0 уште во 8. минута со голот на Жоао Кансело. На 2-0 зголеми Рафиња од пенал во 25. минута. Гостите намалија на 2-1 преку Геј во 30. минута. До крајот на првиот дел со автоголот на Вилалибре и вториот погодок на Рафиња беше 4-1. За издвојување е и промашениот пенал на Јамал во 45. минута.

Во вториот дел гостите преку Забири во 65. минута намалија на 4-2.  Рафиња од пенал во 67. минута зголеми на 5-2. Со голот на Габриел Жезус во 79. минута) беше 6-2, а конечните 7-2 ги постави Јамал во 90. минута.

Barcelona [4]-1 Racing Santander – Raphinha 42'
byu/xggq insoccer

Се вчитува...