Барселона по пенали подобра од Реал Сосиедад (ВИДЕО)

Барселона е првиот финалист во Суперкупот на Шпанија, откако во полуфиналето по изведување на пенали го совлада Реал Сосиедад.

Каталонците поведе во мечот со голот на Френки де Јонг во 39. минута по одличната асистенција на Антоан Гризман. На 1-1 израмни Ојарзабал од пенал во 51. минута, по што натпреварот замина во продолженија. Во двете продолженија мрежите мируваа па се замина кон изведување на пенали во кои подобро се снајдоа Каталонците и со вкупни 3-4 се пласираа во финалето на Суперкупот на Шпанија.

Таму за противник ќе го имаат противникот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао.

 

Се вчитува...