Иако им требаше точно еден месец, челниците на Барселона најавија кривична постапка против Флорентино Перез. Причината за тоа одложување најверојатно беа изборите во Реал Мадрид.
Сето ова доаѓа по тешките зборови кои што првиот човек на „кралевите“ ги упати кон каталонскиот клуб.
„ФК Барселона информира дека денесka е поднесен задолжителен предлог за мирно решавање на спорот против претседателот на Реал Мадрид, г-дин Флорентино Перез, како прелиминарен чекор пред поднесување кривична пријава за кривично дело клевета според член 205 од Кривичниот законик, поради изјавите што ги даде на прес-конференцијата одржана на 12 мај и во интервју за медиум следниот ден.
Целта на ова барање е г-дин Перез да повлече одредени изјави што ги даде знаејќи дека се невистинити и дека претставуваат клевета, како и навреда на угледот и репутацијата на Клубот. Доколку ова барање не се постапи на соодветен начин, ФК Барселона ќе поднесе соодветна кривична пријава“, беше објавено на веб-страницата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
