Барселона се посрамоти на генералката пред стартот на Евролигата, прими 101 поен

Кошаркарите на Барселона се поразени на последниот натпревар пред стартот на сезоната во Евролигата. Барселона е поразена од Хувентуд со 101:87 во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Барселона имаше големи проблеми со одбраната, уште во првата четвртина прими 32 години, имаше двоцифрена негатива која успеа да ја намали на минус шест до полувремето.

Сепак, играта на Барселона повторно се „распадна“ во третата четвртина кога Хувентуд повторно дојде до двоцифрена предност која му овозможи мирно да го приведе натпреварот до крајот.

Најдобар играч на средбата беше поранешниот играч на Барселона, а сега го носи дресот на Хувентуд, Нико Лапровитола со 31 постигнат поен. Во редовите на Барселона се истакнаа Жоел Пара со 24 и Кевин Пантер со 20 поени.

Триумфот има дополнително значење за Хувентуд, кој како домаќин на турнирот стана првиот тим што успеал да го освои шпанскиот Суперкуп на домашен терен. За клубот од Бадалона ова е прв трофеј по 2008 година.

Се вчитува...