Барселона си тера по старо, додека се чека крај на сагата околу Алварез

Барселона го победи Атлетик Билбао (2-0) без поголеми проблеми во последниот натпревар од првото коло на шпанската Ла Лига.

Барселона го отвори овој натпревар подобро и се закани преку Јамал и Рафиња, но нивните обиди беа одлично запрени од Унаи Симон. Сепак, голманот на шпанската репрезентација беше немоќен во 37. минута кога Рафиња постигна гол. Педри беше асистент.

Доминацијата на Каталонците продолжи и во второто полувреме. Избраниците на Ханси Флик продолжија да напаѓаат, а за тоа беа наградени по втор пат во 82. минута. По големата конфузија во задната линија на гостите, Фермин Лопез ја искористи ситуацијата и ги постави конечните 2-0.

И додека целиот фудбалски свет чека расплет на трансфер сагата околу Хулијан Алварез, Барселона продолжи како и обично и забележа уште една победа.

Сега се со два од два во новата сезона во Ла Лига, откако претходно го декласираа Елче со 5-0.

Се вчитува...