Барселона со два од два на стартот во Евролигата

Барселона стигна до втората победа сезонава во Евролигата, откако го совлада незгодниот Санкт Петерсбург нагости со 87-63. Каталонците ја имаа контролата во текот на целиот натпревар и без поголеми проблеми успеаја да запишат триумф. Kајл Куриќ со 24 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Евгени Воронов со 10 поени.

Во вториот шпанско-руски меч вечерва, Химки го искористи домашниот терен совладувајќи ја Басконија со 79-76. Решавачка беше првата четвртина која рускиот тим ја доби со десет поени разлика (27-17). Швед со 21 и Титма со 18 поени беа најдобри поединци кај Химки, додека кај Басконија најрасположен беше Шенгелија со 18 поени.

 

Се вчитува...