Барселона со „петарда“ до полуфиналето во Купот на Шпанија

Барселона го потврди пласманот во полуфиналето на Купот на Шпанија со убедлив триумф (5-2) над Реал Сосиедад на „Камп Ноу“. Каталонскиот тим славеше и на првиот меч со 0-1, и повеќе од заслужено патува меѓу четирите најдобри екипи во Кралскиот куп.

Денис Суарез го отвори резултатот, а Лионел Меси од пенал на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0. Хуанми повторно донесе неизвесност со голот во 62.минута, но таа траеше само една минута бидејќи во следниот напад Луис Суарез постигна погодок за 3-1. Реал Сосиедад преку Вилијан Хозе намали на 3-2, но Арда Туран и повторно Денис Суарез беа стрелци за убедлив триумф на Барселона на овој меч.

All Goals & Highlights HD – Barcelona 5-2 Real… by arcturusmedia33

Се вчитува...