Барселона со „петарда“ против Гетафе ја продолжува шампионската трка (ВИДЕО)

Барселона ја продолжува шампионската трка во Ла Лига со победата над Гетафе од 5-2 во 32. коло.

Каталонците мечот го завршија со посед на топка од 80-20% во своја полза, но и покрај тоа дозволија два погодоци во својата мрежа.

Барселона победата ја обезбеди со три гола во првото полувреме, два беа дело на Лионел Меси и еден автогол на Чакла, додека за Гетафе единствениот гол во првиот дел беше преку автоголот на Ленгле.

Во второто полувреме најпрво Гетафе намали на 3-2, на 4-2 зголеми Араухо во 87. минута, а конечните 5-2 беа дело на Гризман од пенал во третата минута од судиското продолжение.

 

Се вчитува...