Барселона со соопштение: Знаевме дека Меси сака да игра во лига со помалку обврски

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи во МЛС тимот на Интер Мајами.

Околу целата ситуација со соопштение излезе и неговиот поранешен клуб Барселона.

„Во понеделник, на 5 јуни, Хорхе Меси, таткото и претставник на играчот, го информираше претседателот на клубот Жоан Лапорта за одлуката на фудбалерот да му се приклучи на Интер Мајами, и покрај тоа што му беше претставена понуда од Барса, со оглед на желбата на клубот и Лионел Меси пак да игра за клубот. Претседателот Лапорта ја разбра и ја почитуваше одлуката на Меси да игра во лига со помалку барања, далеку од центарот на вниманието и притисокот на кој беше подложен во последните години. И Жоан Лапорта и Хорхе Меси, исто така, се согласија да работат заедно на почит од навивачите на Барса во чест на фудбалер кој беше, е и секогаш ќе биде сакан од Барса“, стои во соопштението на каталонскиот клуб. 

Се вчитува...