Навивачите го бркаат Де Јонг од Барселона (ВИДЕО)

Барселона станува кошмар за Френки Де Јонг. Холанѓанецот не се согласи за намалување на платата со цел да бидат регистирани петте нови засилувања, а тоа наиде на остри критики кај навивачите кои со погрдни коментари го испратија од „Камп Ноу“.

Шпанскиот „Спорт“ објави видео снимка на која се гледа како навивачите на каталонскиот тим го исвиркуваат холандскиот репрезентативец додека заминува од стадионот со својот автомобил. „Прифати помала плата, пи*ко мала“, беа дел од коментарите кои сигурно нема да ја подобрат ситуацијата.

Екс-фудбалерот на Ајакс кој заработува 18 милиони евра по сезона одби трансфер во Манчестер Јунајтед, не прифаќа ниту помала плата од онаа што му следи според актуелниот договор со Барселона, но би можел да се пресели во Челси доколку каталонците ја прифатат понудата на лондонскиот премиерлигаш.

Во последниот период младиот фудбалер е крајно разочаран од раководството на тимот и смета дека се води медиумска хајка за изнудување на помала плата или заминување. Незадоволството од односот веќе го пријави во АФЕ, Меѓународната асоцијација на професионални фудбалери (ФИФпро) и Ла Лига.

Се вчитува...