Барселона вечерва игра за првиот трофеј сезонава – Роналд Куман веќе ја знае почетната постава!

Барселона и Атлетик Билбао вечерва ќе играат во Севилја за големото финале на Копа дел Реј. Каталонскиот клуб нема најдобра сезона, но вечерва ќе има можност да стигне до трофејот во „Купот на кралот“. Но, јасно е дека Билбао нема да се предаде така лесно и ќе се обиде да ги сруши плановите на Барселона, како што тоа го правеа многупати во минатото.

Барселона е клуб со најмногу титули во „Купот на кралот“ затоа што успеале да го освојат ова натпреварување дури 30 пати. Сепак, Билбао е одличен и во ова натпреварување и тие се веднаш зад Барселона со 23 титули.

Натпреварот меѓу Барселона и Билбао се игра вечерва во 21:30 часот, а шпанските медиуми веќе шпекулираат за тоа како ќе изгледаат составите на овие две екипи.

Барселона: Тер Штеген, Мингуеза, Пике, Ленглет, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Педри, Дембеле, Меси, Гризман.

Атлетик Билбао: Унаи Симон, Де Маркос, Јерај, Мартинез, Јуриј, Дани Гарсија, Весга, Беренгер, Муниаин, Раул Гарсија, Вилијамс.

Добрата вест за Барселона е дека Жерард Пике треба да се врати во тимот по повредата и се очекува тој да игра од првата минута. Сепак, се чини дека Куман сè уште не го сменил мислењето за Миралем Пјаниќ и како што стојат работите, играчот за врска на БиХ повторно ќе остане на клупата.

Се вчитува...