Барселона веќе отпиша дури 12 фудбалери, но од двајца тешко ќе се ослободи

Барселона веќе отпиша дури 12 фудбалери на кои нема да смета за следната сезона. Според плановите на клубот сите нив ќе се обиде да ги продаде или размени низ престојниот преоден рок.

По неуспешната сезона во која се загуби насловот во Ла Лига, на списокот избришани од клубот се Иван Ракитиќ, Нето, Нелсон Семедо, Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Артуро Видал, Осман Дембеле, Мартин Брајтвајт, Карлос Алена, Рафиња, Тодибо и Филипе Кутињо.

Како што тврди „Марка“, не е сигурно дека сите ќе може да го напуштат каталонскиот гигант, посебно тоа се однесува на Дембеле и Кутињо кои две од трите најскапи купувања на Барселона во историјата.

Хрватот Ракитиќ, кој сезонава го загуби првотимскиот статус, сосема извесно заминува од клубот бидејќи за него постојат добри варијанти за продажба. Но тешко ќе оди продажбата на Дембеле и Кутињо.

За останатите фудбалери, доколку не се реализираат трансфери, најавени се позајмици. Сето тоа како би се намалил буџетот и соберат доволно финансиски средства за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез кој е огромна желба на Лионел Меси и Барселона.

Се вчитува...