Барселона вложува во своите сили: Патрик Клајверт треба да ја реорганизира „Ла Масија“

Ги нема веќе Чави, Иниеста, а и нема нови квалитетни изданоци од „Ла Масија“. Младинската академија на Барселона, која беше една од најдобрите фудбалски школи во светот, веќе не ги дава посакуваните резултати. Иако во првиот тим пристигнаа неколку освежувања од младинскиот погон, како Ансу Фати и Рики Пуиг, сепак, потребна е реорганизација. Клубот планира за нов директор на „Ла Масија“ да го постави Патрик Клајверт, холандскиот ас кој пред 15 години си замина од „Камп Ноу“.

Тој е светско име, ја познава одлично поставеноста на младинската академија, го знае и духот што треба да го поседува секој млад фудбалер на Барселона. Раководството на клубот веќе ги направило првичните контакти со Клајверт, информира „Мундо Депортиво“.

Патрик Клајверт пред неколку дена си замина од позицијата асистент на Кларенс Сидорф, кој беше селектор на фудбалската репрезентација на Камерун и бара нов предизвик. Можеби реструктуирањето на „Ла Масија“ е вистинскиот предизвик за него.

Се вчитува...