Бартомеу: Барселона најмногу е погодена од коронавирусот

Ниту еден тим не е повеќе погоден од економската криза предизвикана од пандемијата од коронавирусот од Барселона, смета првиот човек на клубот Жозеп Марија Бартомеу.

„Останавме без очекуваните 200 милиони евра, колку што требаше да заработиме до 14. март. Моравме да затвориме продавници, музеи, бидејќи немаше продажба на карти. Исто така им ги вративме парите на сите кои што имаа купено карти за мечевите во Ла лига. Последиците ќе бидат видени во следните две или три години.Сите викаат пандемијата не може да влијае на Барселона. Пандемијата влијаеше на сите европски клубови, а бидејќи Барселона заработува најмногу на неа влијаеше најмногу“, изјави Бартомеу. 

Бартомеу и покрај проблемите им заблагодари на главните спонзори што не ги раскинаа договорите во овој кризен период.

Се вчитува...