Бартомеу: Меси останува во Барса, се останато е лага…

Првиот човек на Барселона, Хозеп Бартомеу, ги демантираше гласините дека Лионел Меси е бесен на управата и би можел да си замине од „Камп Ноу“ веќе на крајот од сезонава. Аргентинецот одигра одличен натпревар на гостувањето против Вилјареал, тензиите во таборот на Барса значително се намалија, а Бартомеу денеска се јави со изјава дека очекува Меси уште долго да го носи дресот на каталонскиот гигант.

„Зборував со Меси, кој ми кажа дека ќе остане во Барселона до крајот на кариерата, се останато што може да се прочита по медиумите е лага. Не сакам сега да влегувам во детали бидејќи мора да се останеме фокусирани на битката за трофеи, но Меси ни објасни дека негова желба е да остане. Сите уште долго ќе можеме да уживаме во неговите игри во дресот на Барселона“, изјави Бартомеу.

Барселона и покрај одличната игра на „Ел Мадригал“ останува со минимални шанси за титулата во Ла Лига, со оглед на фактот дека на четири кола до крајот заостанува четири бода зад лидерот Реал Мадрид. Во следната рунда Реал е апсолутен фаворит на домашен терен против Алавес, додека Барса го пречекува испаднатиот Еспањол во градското дерби на „Камп Ноу“.

Се вчитува...